петак, 27. септембар 2013.

Поларна мечка

                              


Не е секогаш лесно да се најде храна на Арктикот,но за поларната мечка е доволна една дупка во мразот,за да ја најде својата ужина.Таа лови фоки или риби задаваќи им силен удар со шепита.Мечката е способна да преплива растојание од      10 км од леденото ккопно до некој леден гребен и таму да бара храна.Може да остане на ледениот гребен се додека има доволно фоки да си го задоволи апетитот.Вообичаено мажјакот живее сам.Женката жибее со своите младенчиња.Во суштина поларната мечка не ја преспива зимата,но во текот на суровите зимски месици мечката раѓа 2-3 мечиња во дупката ископана во мразот.кога ќе се родат,мечињата тежат одвај еден килограм.

Пингвини


Кралскиот пингвин е птица неспособна да лета.Но затоа лесно плива и нурка во водата.Крилјата му служат за движење и за менување на насока.Може да нурка на длабочина поголема од 100 м и таму да остане повеќе минути.Женката снесува едно единствено јајце што го квачи мажјакот во време од два месеци.За да го чува јајцето на топло,мажјакот го става на своите стопала и го покрива со еден набор на кожата.Откако ќе се испили,родителите и младнчето создаваат семејство чии единствени звуци им возможуваат да се препознаат.Во текот на најстудениот период на Антартикот,илјадици пингвини се здружуваат.Тие се притискаат едни со други.Секој од нив неизменично стои на работ на групата,со цел да му се спротистави на студот,а потоа оди во внатрешноста на групата за да се стопли.

Фока


Гренландската фока се среќава во Северниот Атлантик и на Арктикот.Благодарание на дебелото мрсно ткиво под кожата, таа не се плаши од студот.Многу е несмасна кога е на копно и се движи влечејќи се на стомак.Приспособена е на живот во вода,таа е одличен пливач што може да нурка на повеќе од   100 м.  длабочина за да го улови својот плен:рибите и каламарите. Може да остане под вода повеќе од еден и пол час.Најпознатото бебе-фока е бебето на грендландската фока. Тоа се вика бела фока.Има сосема бело крзно,што човекот го меша со снегот,но,за жал,тоа е барано од ловците на крзно.